Најмалку 70 лица загинаа во интензивните израелски напади врз Појасот Газа
- Најмалку 50 лица денеска беа убиени во нападите околу Џабалија, во северна Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа.
Газа, 14 мај 2025 (МИА) - Најмалку 70 лица денеска беа убиени во интензивните израелски воздушни напади на северот и југот од Појасот Газа.
Меѓу загинатите има најмалку 20 деца, соопштија палестинските здравствени претставници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера децидно порача дека „нема шанси“ Тел Авив да ја запре израелската офанзива пред да биде поразен Хамас.
Во соопштението на Нетанјаху, кое го пренесе неговиот кабинет, се додава дека израелските сили наскоро ќе ги засилат нападите и ќе влезат во Газа „со голема сила за да ја завршат мисијата... Тоа значи уништување на Хамас“.
Најмалку 50 лица денеска беа убиени во нападите околу Џабалија, во северна Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа.
Израелската војска одби да коментира за нападите, иако доцна синоќа ИДФ ги предупреди жителите на Џабалија да се евакуираат, наведувајќи дека нивна цел е инфраструктурата на Хамас во областа, вклучувајќи ги и ракетните лансери.сд/
фото:МИА архива