• четврток, 19 декември 2024

Најмалку 58 лица го загубија животот при потонување на брод во Централноафриканската Република

Најмалку 58 лица го загубија животот при потонување на брод во Централноафриканската Република

Банги, 20 април 2024 (МИА) - Најмалку 58 лица го загубија животот кога преполнет брод потона во реката Мпоко во регионот на главниот град на Централноафриканската Република - Банги.

Голем број од патниците на бродот се исчезнати. Светските агенции, повикувајќи се на Владата на ЦАР, јавуваат дека луѓето со бродот оделе на погреб.

„Успеавме да извлечеме 58 безживотни тела од реката, но нема поим колку луѓе има под водата“, изјави за радио „Гира“ генералниот директор на „Цивилна заштита“, Томас Џимас.

Четириесет минути по трагедијата на местото на настанот пристигнале првите спасувачки екипи на владината служба, со која тој раководи.

Според изјавите на очевидците и видеата дистрибуирани на социјалните мрежи, бродот превезувал повеќе од 300 луѓе, што е далеку над неговиот капацитет. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан