• петок, 05 декември 2025

Најмалку 54 лица повредени во експлозија во Џакарта (ДПЛ)

Најмалку 54 лица повредени во експлозија во Џакарта (ДПЛ)

Џакарта, 7 ноември 2025 (МИА) – Најмалку 54 луѓе се повредени во денешната експлозија што се случи во џамија во образовниот комплекс во главниот град на Индонезија, Џакарта.

Властите го истражуваат инцидентот што се случи во Келапа Гадинг, северниот дел на Џакарта.

Според првичните информации 54 луѓе се повредени. Некои од нив се лесно повредени, други умерено, а трети веќе ја напуштија болницата, изјави началникот на локалната полиција Еди Сухер.

Снимките од џамијата покажуваат дека објектот не е сериозно оштетен при експлозијата. ми/

фото: Икс

Остани поврзан