Најмалку 45 мигранти загинаа во бродолом во близина на Либија
- Најмалку 45 мигранти и бегалци загинаа ова недела во близина на Либија во најтешкиот бродолом оваа година, соопштија Обединети нации
Женева, 19 август 2020 (МИА) - Најмалку 45 мигранти и бегалци загинаа ова недела во близина на Либија во најтешкиот бродолом оваа година, соопштија Обединети нации.
Во заедничкото соопштение на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната органзиација за миграција (ИОМ) се истакнува дека 37 лица биле спасени од рибари, а најмалку 45 луѓе загинаа откако експлодирал моторот на чамецот во Звара, Либија.
Преживеаните мигранти воглавно се од Сенегал, Мали. Чад и Гана.
УНХЦР и ИОМ наведоа дека ќе се зголеми бројот на загинати мигранти во Средоземно Море ако не се интензивираат операциите за потрага и спасување и ако не се воспостави специјален механизам за потрага.
Повеќе од 7.000 мигранти досега се пресретнати од либанската крајбрежна стража, а најмалку 302 мигранти и бегалци загинаа од почетокот на 2020 година. ми/