• четврток, 26 март 2026

Најмалку 40 лица се повредени во експлозијата на бензинска пумпа во Рим

Најмалку 40 лица се повредени во експлозијата на бензинска пумпа во Рим

Рим, 4 јули 2025 (МИА) – Во денешната експлозија на бензинска станица во Рим повредени се најмалку 40 луѓе, а оштетени се неколку згради и судски магацин. Помеѓу повредените се и спасувачи, но никој не е во тешка здравствена состојба.

Според регионалниот шеф на противпожарната служба експлозијата е предизвикана од дефект на системот за плин.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони платформата Икс објави дека „внимателно“ ги следи последиците од експлозијата и оти е во контакт со надлежните служби.

- Изразувам солидарност со сите повредени, вклучително полицајците, пожарникарите, медицинскиот персонал и упатувам искрена благодарност до сите кои учествуваа во операциите на спасување и безбедност, наведе Мелони. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан