• петок, 12 декември 2025

Најмалку 37 лица загинаа при напади на Ал Шабаб во Сомалија

Најмалку 37 лица загинаа при напади на Ал Шабаб во Сомалија

Могадишу, 12 септември 2025 (МИА) – Припадници на еерористичката група Ал Шабаб деенска нападна три воени пунктови во Сомалија, при што загинаа најмалку 37 лица.

Портпаролот на сомалиската Влада изјави дека во нападите во крајбрежната покраина Галгадуд загинале осум војници и 29 борци на исламистичката милиција. 

Ал Шабаб соопшти дека повеќе од 60 владини војници се убиени, запленето е оружје и муниција, а борците привремено ја презеле контролата врз округот Ел Дере.

Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, со години се бори против Владата во Могадишу, а исто така изведува напади во Кенија и во Уганда.

Безбедносните експерти предвидуваат зголемена соработка меѓу Ал Шабаб и Хутите во Јемен. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан