• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 300 мигранти од Сенегал се водат како исчезнати во Атлантски Океан

Најмалку 300 мигранти од Сенегал се водат како исчезнати во Атлантски Океан

Дакар, 10 јули 2023 (МИА) – Најмалку 300 луѓе кои патувале во три чамци од Сенегал до Шпанија се водат за исчезнати, соопшти денеска шпанската хуманитарна група „Вокинг бордерс“.

- Два брода го напуштија градот Мбур со околу 100 луѓе на 23 јуни, а третиот го напушти јужниот град Кафунтин четири дена подоцна со околу 200 луѓе. Најважно е да се најдат тие луѓе. Многу луѓе се водат за исчезнати на море, тоа не е нормално, ни требаат повеќе авиони за да ги бараме, изјави координаторката на организацијата Хелена Малено Гарзон.

Таа наведе дека немало никаков контакт со патниците

Атлантската мигрантска рута е една од најсмртоносните во светот, со речиси 800 загинати или исчезнати само во првата половина од оваа година.

Изминатите години Канарски Острови станаа една од главните дестинации за сите оние кои се обидуваат да стигнат до Шпанија. Според шпанското Министерство за внатрешни работи во 2020 година на Канарски Острови пристигнале повеќе од 23.000 мигранти, а во првите шест месеци од годинава пристигнале над 7.000 мигранти и бегалци.

Бродовите главно доаѓаат од Мароко, Западна Сахара и Мавританија. Од јуни на Канарски Острови пристигнаа најмалку 19 бродови од Сенегал. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан