• среда, 07 јануари 2026

Најмалку 30 убиени во напад врз село во Нигерија

Најмалку 30 убиени во напад врз село во Нигерија

Абуџа, 4 јануари 2026 (МИА) – Најмалку 30 локални жители се убиени, а неколкумина се киднапирани по напад на вооружени лица врз село во северниот дел на Нигерија, соопшти денеска локалната полиција.

Вооружени напаѓачи синоќа упаднале во селото Касуван-Даџи во сојузната држава Нигер и отвориле оган врз жителите. Портпаролот на полицијата на државата Нигер, Васиу Абиодун, во изјава наведе дека напаѓачите го запалиле и локалниот пазар и неколку куќи.

Ваквите напади се чести во Нигерија, најмногубројната африканска земја, каде десетици одметнички банди што се борат за контрола често ги напаѓаат оддалечените заедници со ограничено безбедносно и владино присуство.

Нападот во селото Касуван-Даџи се случил во близина на заедницата Папири, каде во ноември минатата година од католичко училиште беа киднапирани повеќе од 300 ученици и нивните наставници. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан