• среда, 04 декември 2024

Најмалку 23 Палестинци загинаа во израелски напади ширум Појасот Газа

Најмалку 23 Палестинци загинаа во израелски напади ширум Појасот Газа

Газа, 3 декември 2024 (МИА) - Најмалку 23 Палестинци загинаа денеска во израелски напади ширум Појасот Газа, од кои повеќето во градот Беит Лахиа на северот од енклавата, соопштија палестинските здравствени власти.

Лекарите соопштија дека осум лица загинале во серија воздушни напади во Беит Лахија, додека четири лица загинале на други места во градот Газа.

Во израелски воздушен напад загинаа и две лица во бегалскиот камп во Џабалија на северот од Појасот Газа. Во друг воздушен напад, училиштето Ал-Фалах во предградието Зејтун во градот Газа, во кое се сместени раселените семејства, загинаа шест лица, додека во Рафах три жени беа убиени од оган од израелски беспилотни летала.

Израелската армија издаде наредба за евакуација на жителите на некои области на Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, велејќи дека милитантите истрелале ракети од тие области.

Палестински претставици и претставници на Обединетите нации рекоа дека нема безбедни области во енклавата. Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа се внатрешно раселени, а некои го сменија живеалиштето десет пати од почетокот на војната минатата година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан