Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија
- Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата со автобусот се повредени уште 29 лица и притоа објави снимка на која се гледаат јагленосаните остатоци од автобусот.

Ријад, 28 март 2023 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа кога преполн автобус удрил во мост, се превртел и запалил во југозападниот дел на Саудиска Арабија, јавија саудиските државни медиуми.
Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата со автобусот се повредени уште 29 лица и притоа објави снимка на која се гледаат јагленосаните остатоци од автобусот.
Несреќата се случила во југозападната провинција Асир, што се граничи со Јемен, а причина била откажување на сопирачките на возилото.
Несреќата се случила во првата недела од Рамазан, кога верниците постат од утро до мрак. сд/