• недела, 21 јули 2024

Најмалку 19 проирански војници убиени при израелски воздушни напади во Сирија

Најмалку 19 проирански војници убиени при израелски воздушни напади во Сирија
Дамаск, 26 ноември 2020 (МИА) - Најмалку 19 проирански војници се убиени при израелски воздушни напади во источна Сирија, објави Сириската опсерваторија за човекови права. Нападите се извршени рано утрово, погодувајќи ги позициите поддржани од Иран во близина на градот Албу Камал во провинцијата Деир ез-Зор, убивајќи претежно пакистански војници. Сириските државни медиуми не известуваа за нападот, а Израел ретко признава одделни напади, но Сирискиот центар ја обвини еврејската држава дека од саботата извршила најмалку уште два воздушни напади против проиранските сили во Сирија. паг/  

Остани поврзан