Најмалку 19 деца повредени во судир меѓу армијата на Мијанмар и бунтовници
- Најмалку 19 деца се повредени кога основното училиште во кое се наоѓале било изложено на оган меѓу владините сили и етничката бунтовничка група во Ракин.

Јангон, 14 февруари 2020 (МИА) - Најмалку 19 деца се повредени кога основното училиште во кое се наоѓале било изложено на оган меѓу владините сили и етничката бунтовничка група во Ракин.
Етничка група позната како армија Аракан, составена од претежно будистичко мнозинство, се бори за поголема автономија во западен Мјанмар.
Од 19 повредени деца, едно е во критична состојба, а армијата ја обвини бунтовничката група за нападот.
Учениците се згрижени во локална болница. јт/