Најмалку 15 загинати во пад на авион „Антонов“ во Западен Дарфур
- Авион „Антонов“ се урна во суданската провинција Западен Дарфур, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на информација на телевизијата „Ал-Арабија“.

Картум, 2 јануари 2020 (МИА) - Авион „Антонов“ се урна во суданската провинција Западен Дарфур, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на информација на телевизијата „Ал-Арабија“.
Авионот се урнал веднаш по полетувањето, на пет километри од аеродромот Ал Генеина.
Медиумите јавуваат за најмалку 15 загинати, меѓу кои се членовите на екипажот на авионот. сд/