Најмалку 13 загинати во судири во близина на Дамаск
- Најмалку 13 лица загинаа во судири што синоќа и утрово се случија во предградието на сирискиот главен град Дамаск, соопштија локални спасувачки екипи.

Дамаск, 29 април 2025 (МИА) – Најмалку 13 лица загинаа во судири што синоќа и утрово се случија во предградието на сирискиот главен град Дамаск, соопштија локални спасувачки екипи.
Судирите почнале во текот на ноќта кога вооружени лица од блискиот град Малиха и други претежно сунитски области се собрале во градот Џарамана, претежно населен со друзи, југоисточно од Дамаск, велат безбедносни извори.
Според локални извори, судирите биле предизвикани од наводна снимка на маж од друзите како го проколнува пророкот Мухамед, што ги налутило сунитските вооружени лица.
Меѓу загинатите се двајца членови на Општата безбедносна служба на Сирија, нова безбедносна сила претежно составена од поранешни бунтовници, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мустафа ал-Абдо.
Борбите се продолжување на насилството во Сирија, каде што стравот кај малцинствата се зголемува откако бунтовниците предводени од исламистите го соборија од власт поранешниот лидер Башар ал-Асад во декември, воспоставувајќи свои владини и безбедносни сили. јт/
Фото: ЕПА архива