• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 12 загинати во Мадагаскар како резултат на циклонот Гамане

Најмалку 12 загинати во Мадагаскар како резултат на циклонот Гамане

Антананариво, 28 март 2024 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа во југоисточната африканска островска држава Мадагаскар, додека циклонот Гамане ја погоди земјата, јави ДПА.

Околу 21 илјада луѓе беа погодени од уништувањето предизвикано од циклонот, кој стигна до северниот дел на островот вчера наутро, објави денеска Националната управа за цивилна заштита.

Циклонот се движеше низ островот со просечна брзина на ветерот од 150 километри на час и обилни врнежи. На некои места се измерени ветрови со брзина од 210 километри на час.

Управата за контрола на катастрофи соопшти дека стотици куќи, патишта и мостови се поплавени или уништени во северниот дел на Мадагаскар. Целосната големина на штетата се уште е не се знае, бидејќи многу села во регионот беа отсечени од остатокот од земјата, што го отежнува пристапот на спасувачките тимови.

Островската држава со околу 30 милиони жители, која се наоѓа во Индискиот Океан, редовно е зафатена од тешки временски услови. Пред една година, тропската бура Фреди го опустоши Мадагаскар, како и соседните земји на копното Мозамбик и Малави. Повеќе од 500 луѓе ги загубија животите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан