• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 12 загинати во експлозија во Могадишу

Најмалку 12 загинати во експлозија во Могадишу
Могадишу, 12 јануари 2022 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа откако бомбаш-самоубиец денеска се заби во приватна компанија за обезбедување која работи за ОН во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти полицијата.
„Силна експлозија уништи неколку згради и цивилни возила, при што загинаа најмалку 12 невини луѓе“, изјави изјави полицаецот Али за ДПА.
 

Полицијата наведува дека 20 лица се повредени, меѓу нив и ученици. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Фундаменталистичката група Ал Шабаб често ја презема одговорноста за слични напади. паг/
 

Остани поврзан