• четврток, 26 март 2026

Најмалку 11 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во индонезиската провинција Централна Јава

Најмалку 11 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во индонезиската провинција Централна Јава

Џакарта, 7 мај 2025 (МИА) – При судир на минибус и камион во индонезиската провинција Централна Јава загинаа најмалку 11 луѓе.

Минибусот превезувал воспитувачи во градинка од округот Магеланг, кои се враќале од погреб.

Во Индонезија чести се сообраќајните несреќи поради лошите безбедносни стандарди и проблемите со инфраструктурата.

Најмалку 12 патници вчера загинаа вчера во Западна Суматра кога автобус се преврте откако возачот изгубил контролата. Минатата година, загинаа 11 ученици откако на автобусот, што превезувал 61 ученик и наставник, му откажа сопирачките во движење. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан