• среда, 15 јануари 2025

Најмалку шест лица се повредени во напад на украински беспилотни летала врз областа Липецк во Русија

Најмалку шест лица се повредени во напад на украински беспилотни летала врз областа Липецк во Русија

Москва, 9 август 2024 (МИА) - Најмалку шест лица се ранети во нападот со украински беспилотни летала врз областа Липецк во Русија, а во регионот е прогласена вонредна состојба, изјави утрово регионалниот началник Игор Артамонов.

Артамонов на Телеграм напиша дека жители утринава биле евакуирани од делови на регионот Липецк по напад на украински беспилотни летала што предизвикале експлозии и прекини во снабдувањето со електрична енергија, откако бил оштетен објект на енергетската инфраструктура.

Тој прецизираше дека се евакуирани четири села, од кои некои се наоѓаат во близина на воздухопловната база. Руски медиуми јавија дека украинскиот напад бил извршен со повеќе од 30 дронови. зш/

Остани поврзан