• четврток, 26 март 2026

Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја

Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја

Сеул, 25 февруари 2025 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа откако денеска се урна мост во изградба во Јужна Кореја, јави новинската агенција Јонхап.

Во несреќата, која се случила на околу 80 километри јужно од Сеул, повредени се шест лица, од кои пет потешко.

Јонхап јави дека пет челични греди долги 50 метри што го држеле мостот се урнале една по една додека работниците користеле кран за да ги преместат гредите меѓу столбовите.

Загинатите и повредените работеле под мостот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан