Најмалку тројца загинати при уривањето на термоелектрана во Јужна Кореја
- Најмалку тројца работници загинаа при вчерашното уривање на котларски дел во термоелектрана во јужнокорејскиот град Улсан
Сеул, 7 ноември 2025 (МИА) – Најмалку тројца работници загинаа при вчерашното уривање на котларски дел во термоелектрана во јужнокорејскиот град Улсан.
Под урнатините пронајдени сè уште две безживотни тела, а по уште двајца работници се трага.
Несреќата се случи кога се отстранувале делови од масивната челична конструкција на неактивниот котларски дел од термоелектраната. ми/
фото: Јутјуб принтскрин