• петок, 05 декември 2025

Најмалку тројца загинати при израелски напад врз градот Газа

Најмалку тројца загинати при израелски напад врз градот Газа

Газа, 22 ноември 2025 (МИА) – Во нов израелски напад врз градот Газа загинаа три лица, соопшти палестинската Цивилна заштита.

Портпаролот на Цивилната заштита, организација со која управува Хамас, изјави дека при израелскиот напад повредени се неколку луѓе.

Според локалните власти, од 19 ноември до денеска во израелските напади врз Појасот Газа загинале неколку десетици луѓе.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, кој е во сила од 10 октомври. ми/паг/

фото: ДПА

Остани поврзан