Најмалку тројца загинати во руски напади врз Украина
- Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени деенска во руските напади со беспилотни летала во неколку региони во Украина, соопштија украинските власти.
Киев, 20 септември 2025 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени деенска во руските напади со беспилотни летала во неколку региони во Украина, соопштија украинските власти.
Претседателот Володимир Зеленски на Телеграм објави дека девет региони биле цел на напади - Дњепропетровск, Николаев, Чернигов, Запорожје, Полтава, Киев, Одеса, Суми и Харков.
- Непријателот ја таргетираше нашата инфраструктура, станбени области и цивилни претпријатија, рече Зеленски.
Тој, исто така, тврди дека ракета опремена со касетна муниција погодила повеќекатна зграда во градот Дњепарк. Според него, нападите биле намерна стратегија на Русија за заплашување на цивилите и уништување на украинската инфраструктура.са/
Фото: МИА архива