Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
- Најмалку седум луѓе загинаа, а 20 се повредени во бомбардирање на болница и аптека во Јужен Судан, соопшти денеска хуманитарната организација „Лекари без граници“.
Џуба, 3 мај 2025 (МИА) - Најмалку седум луѓе загинаа, а 20 се повредени во бомбардирање на болница и аптека во Јужен Судан, соопшти денеска хуманитарната организација „Лекари без граници“.
Локалната полиција соопшти дека меѓу загинатите има и дете.
Болницата се наоѓа во градот Стари Фангак, околу 475 километри од главниот град Џуба.
Организацијата на социјалната мрежа Икс го осуди нападот врз болницата и додаде дека болницата е „единствениот извор на медицинска грижа за околу 40.000 жители“ и дека нападот е „јасно кршење на меѓународното право“.
Останува нејасно зошто болницата била цел на напад за кој се претпоставува дека го извршила армијата на Јужен Судан. Армијата не даде коментар. рп/
Фото: МИА архива