• петок, 05 декември 2025

Најмалку седуммина загинати во бомбашки напад врз поранешни милитантни команданти во Пакистан

Најмалку седуммина загинати во бомбашки напад врз поранешни милитантни команданти во Пакистан

Исламабад, 28 април 2025 (МИА) – Исламистички милитанти во Пакистан денеска извршија бомбашки напад врз поранешни команданти на нивната група, при што загинаа најмалку седум луѓе, а десетина се повредени, соопшти полицијата.

Нападот се смета за казна за поранешните борци кои се предале на безбедносните сили.

Бомбашкиот напад се случи во градот Вана, во областа Јужен Вазиристан близу границата со Авганистан, област која долго време е погодена од насилство од групи поврзани со Ал Каеда.

Експлозивната направа експлодирала близу до скривалиштето на поранешен командант на пакистанските талибанци на пазар, убивајќи и повредувајќи и цивили, изјави за ДПА локалниот полициски службеник Мохамед Анвар.

Најмалку четворица поранешни милитанти биле меѓу загинатите, а неколку други биле ранети, рече тој.

Многу пакистански талибански милитанти се предадоа на безбедносните сили на земјата и, во некои случаи, соработуваа со армијата за да ги пронајдат нивните поранешни соборци. Овие милитанти често се цел на одмазднички напади поради „предавство на групата“ или преминување на друга страна.

Пакистанските талибанци и припадниците на Исламската држава исто така рутински ги напаѓаат членовите на другата страна во одмазднички напади.

Бомбашкиот напад се случи еден ден откако пакистанската војска уби најмалку 54 талибански милитанти во истиот регион додека тие се обидуваа да се инфилтрираат од нивните скривалишта во Авганистан.

Во изминатите две децении, речиси 90.000 пакистански цивили и припадници на безбедносните сили беа убиени во насилство предизвикано од исламистички милитанти. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан