Најмалку седуммина загинаа во два израелски напади врз Појасот Газа
- Најмалку седум лица загинаа во два израелски напади во Појасот Газа утринава, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија, неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот што треба да стапи на сила в недела.

Газа, 16 јануари 2025 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа во два израелски напади во Појасот Газа утринава, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија, неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот што треба да стапи на сила в недела.
Во бомбашки напад на куќа во населбата Римал во градот Газа загинаа пет лица, а повеќе од 10 се ранети, се наведува во соопштението на Цивилната одбрана.
Во центарот на Газа, две лица загинаа кога израелски напад погоди зграда.
Цивилната одбрана објави 20 смртни случаи во израелските напади во три одделни напади минатата ноќ, откако Катар и САД објавија дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Договорот предвидува прекин на огнот почнувајќи од недела, ослободување на 33 израелски заложници во замена за 1.000 палестински затвореници и зголемена хуманитарна помош. мс/
фото: ЕПА