• четврток, 26 март 2026

Најмалку петмина загинати при руски напад врз Костантиновка

Најмалку петмина загинати при руски напад врз Костантиновка

Киев, 27 февруари 2025 (МИА) – Најмалку пет луѓе загинаа, а осум се повредени во денешниот руски напад врз украинскиот град Костантиновка, изјави регионалниот гувернер на Доњецк, Вадим Филашкин.

Тој додаде дека во нападот се употребени и три наведувачки бомби.

Филашкин апелираше жителите да се евакуираат од Костантиновка, истакнувајќи дека е опасно да се остане во градот.

Костантиновка е лоциран на околу осум километри од фронтот и е честа мета на руски напади. ми/

фото: ЕПА архива 

Остани поврзан