• четврток, 26 март 2026

Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина

Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина

Пекинг, 27 мај 2025 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа, а 19 се повредени во денешната експлозија што се случи во се случи во хемиската фабрика „Шандонг Јудао Хемикал“ во градот Вејфанг, во покраината Шандонг, источна Кина.

На местото на несреќата испратени се 55 возила на итната помош и 232 спасувачи, соопшти кинеското Министерство за управување со итни ситуации.

Канцеларијата за заштита на животната средина во Вејфанг испрати персонал да спроведе тестови на местото на експлозијата и им советуваше на жителите да носат маски за лице.

„Шандонг Јудао Кемикал“ со 300 вработени е во сопственост на „Химиле Груп“. Компанијата развива, произведува и продава технологија за пестициди, фармацевтски производи и сродни хемиски меѓупроизводи. ми/

фото: Икс

Остани поврзан