Најмалку една жртва во пукање во Атланта
- Најмалку едно лице е убиено, а три се хоспитализирани по пукање во медицински центар во американскиот град Атланта, соопшти локалната полиција.

Атланта, 3 мај 2023 (МИА) – Најмалку едно лице е убиено, а три се хоспитализирани по пукање во медицински центар во американскиот град Атланта, соопшти локалната полиција.
Осомничениот за нападот сè уште е во бегство.
Локалната полиција соопшти дека жителите во областа каде што се случи нападот треба да останат внатре и да не излегуваат на улица затоа што постои сомнеж дека напаѓачот е вооружен и опасен. јт/
Фото: ЕПА