• вторник, 24 декември 2024

Најмалку девет лица загинаа во израелското бомбардирање на Газа

Најмалку девет лица загинаа во израелското бомбардирање на Газа

Газа, 9 февруари 2024 (МИА) – Најмалку девет лица, меѓу кои деца и жени, загинаа во израелските воздушни напади во текот на ноќта врз централниот дел на Појасот Газа и јужниот град Рафа на границата со Египет, изјавија очевидци и болнички извори.

Очевидци изјавија дека во нападот била погодена станбена зграда во Рафа, како и градинка која била претворена во засолниште за раселените во централниот град Заваида, пренесува Тајмс оф Израел.

Се наведува дека во нападите се повредени неутврден број луѓе и оти се префрлени во блиските болници. Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа побегнаа во Рафа, по наредбите за евакуација издадени од Израел додека ескалира копнената офанзива.

Наредбите за евакуација сега покриваат две третини од Појасот Газа. Израелските воздушни напади во текот на ноќта беа извршени неколку часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека ја смета операцијата што Израел ја спроведува против Хамас за „прекумерна“. Според Си-Ен-Ен, тоа е една од најострите критики што Бајден досега ги упатил против операцијата на Израел во Газа. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан