Најмалку деветмина загинати при напад на Ал Каеда во Јемен
- Армијата на Јемен соопшти дека денеска одбила напад од панисламистичката милитантна организација Ал Каеда во јужниот дел на земјата, при што загинале девет луѓе, а повредени се 15 лица
Сана, 21 октомври 2025 (МИА) – Армијата на Јемен соопшти дека денеска одбила напад од панисламистичката милитантна организација Ал Каеда во јужниот дел на земјата, при што загинале девет луѓе, а повредени се 15 лица.
- Нашите сили утрово успеаја да спречат голем терористички напад од припадниците на терористичката организација Ал Каеда врз владиниот комплекс во провинцијата Абјан, изјави командантот Наст Атеф ал Мачучи.
Тој додаде дека напаѓачите детонирале два автомобили-бомби пред да влезат во владиниот комплекс, каде се судрија со јеменските војници.
- Пет бомбаши самоубици, кои носеа појаси со експлозив се убиени во нападот, како и четворица војници, истакна Мачучи. ми/
фото: МИА архива