• недела, 22 декември 2024

Најголемите европски банки првпат остварија профит од 100 милијарди евра

Најголемите европски банки првпат остварија профит од 100 милијарди евра

Брисел, 19 февруари 2024 (МИА) – Најголемите европски банки минатата година првпат надминаа профит од 100 милијарди евра, откако зголемувањето на каматните стапки овозможи рекордна заработка за повеќето од нив, јави Блумберг.

Нето приходот на 20-те најголеми банки во континентална Европа, кои објавија резултати, се зголеми на 103 милијарди евра од 78 милијарди евра една година претходно.

Американскиот медиум информира дека три четвртини од групацијата оствариле најголема добивка во својата историја, а зголемувањето на профитабилноста им овозможило на банките да го зголемат износот на пари што им го враќаат на инвеститорите и да ги зајакнат своите акции. јт/

Остани поврзан