• среда, 25 март 2026

Највисоките црковни великодостојници на верските обреди по повод годишнината од трагичниот пожар во Кочани

Највисоките црковни великодостојници на верските обреди по повод годишнината од трагичниот пожар во Кочани

Кочани, 12 март 2026 (МИА) - По повод годишнината од трагичниот пожар во Кочани, в сабота, 14 март, со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“, ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион. ис/вј/

Фото: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан