• понеделник, 23 декември 2024

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос
Луксембург, 6 октомври 2020 (МИА) – Европскиот суд на правдата (ЕЦЈ) пресуди дека унгарските законски измени што принудија преселување на Универзитетот на Централна Европа на Џорџ Сорос надвор од земјата, ги кршат законите на ЕУ. - Условите што ги воведе Унгарија за да им се овозможи на странски високообразовни институции да ги извршуваат своите активности на нејзина територија не се во согласност со законодавството на ЕУ, утврди највисокиот суд на Европската унија. Едно од новите правила, воведено во 2017 година, предвидува високообразовните институции надвор од ЕУ да имаат потреба од билатерален договор помеѓу нивната земја на потекло и Унгарија, а исто така мора да предаваат и во нивната земја на потекло. Ова ги прекрши правилата на Светската трговска организација за фер пристап до пазарот содржани во законите на ЕУ, утврди ЕЦЈ, како и основните права на ЕУ за академска слобода и слобода за деловно работење. Универзитетот на Централна Европа, основан од американско-унгарскиот милијардер Џорџ Сорос, беше единствениот странски универзитет што не ги исполнуваше овие услови. Акредитираниот универзитет во САД во 2019 година се пресели во Виена, по законските измени воведени од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Европската комисија сметаше дека со измените во правилата на Унгарија е прекршен закон на ЕУ и почна правна постапка против Будимпешта. јт/

Остани поврзан