• петок, 05 декември 2025

Најбрзиот воз во светот достигна 453 км/ч, пробните возења продолжуваат

Најбрзиот воз во светот достигна 453 км/ч, пробните возења продолжуваат

Шангај, 21 октомври 2025 (МИА) - Најбрзиот воз во светот, „ЦР-450“ почна со серијата пробни возења на брзата железница во Кина. За почеток, тој достигна брзина од 453 километри на час.

Серијата возови дизајнирани за максимална тест-брзина од 450 км/ч и комерцијална брзина од 400 км/ч, моментно се подложени на квалификациски тестови на брзата железница што го поврзува источниот град Шангај со западниот град Ченгду, објави „Шинхуа“.

Брзиот воз достигнува забрзување од 350 км/ч за само четири минути и 40 секунди.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан