• понеделник, 18 ноември 2024

Најбогатото француско семејство ги купува второлигашот Париз

Најбогатото француско семејство ги купува второлигашот Париз

 

Париз, 17 октомври 2024 (МИА) – Најбогатото семејство во Франција, Арно, денеска објави дека планира да го купи фудбалскиот второлигаш Париз, со амбиции трајно да го етаблира клубот во прволигашкото друштво.

Мнозински акционер на клубот ќе биде компанијата Агаче – Вилот – Бусак, која е во сопственост на семејството Арно, додека малцинскиот дел ќе го има компанијата Ред Бул.

„Историјата и развојот на парискиот фудбалски клуб е олицетворение на еден сосема поинаков аспект на фудбалот во главниот град. Со доаѓањето на компанијата Агаче како мнозински акционер, клубот ќе добие нова димензија со нови цели и критериуми за успех“, стои во соопштението на компанијата Агаче.

Се очекува семејството Арно да купи 55 отсто од акциите, Ред Бул 15 отсто, додека актуелниот сопственик Пјеро Ферачи, кој ќе остане претседател на клубот, се очекува да го задржи остатокот од акциите за себе.

Фудбалскиот клуб Париз, кој е основан во 1969 година, нема постигнато позначаен успех во својата историја, а во моментов го зазема првото место на табелата на француската втора лига. Женската екипа на Париз игра настапува во првата француска лига.

Бернард Арно, сопственикот на компанијата LVMH, е на самиот врв на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот, со богатство кое надминува 150 милијарди долари. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан