• вторник, 24 декември 2024

Најавеното авионско прскање против комарци се поместува во четврток и петок

Најавеното авионско прскање против комарци се поместува во четврток и петок
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Aвионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци најавена за петок и за сабота се поместува и ќе се одвива во четврток и петок во раните утрински часови.
Од Град Скопје информираат дека посметувањето е поради временските услови, а доколку тие дополнително се влошат, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Воедно се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. дма/бак/

Остани поврзан