Најавени трите последни продолженија на „Брзи и бесни“ (видео)
- Деветтиот дел, под наслов „Ф-9“ е во постпродукција и е најавен за 28 мај 2021 година. Тој е во режија на Џастин Лин и во него ќе глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Џон Сена и речиси цела актерс
Лос Анџелес, 21 октомври 2020 (МИА) - Сагата „Брзи и бесни“ ќе доживее уште три свои продолженија и конечно - приказната ќе заврши, соопштија продуцентите.
Деветтиот дел, под наслов „Ф-9“ е во постпродукција и е најавен за 28 мај 2021 година. Тој е во режија на Џастин Лин и во него ќе глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Џон Сена и речиси цела актерска екипа од претходно.
https://www.youtube.com/watch?v=aSiDu3Ywi8E
Лин ќе ги режира и последните два филма.
Серијалот лани доживеа и тн. „спин-оф“ на приказната - „Хобс и Шо“, со Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам во главните улоги. Тој филм заработи речиси 760 милиони долари, па не се исклучени и други слични „одграноци“ на приказната. си/ссм/