• петок, 22 ноември 2024

Најавени нови „џорданки“ со боите на ПСЖ

Најавени нови „џорданки“ со боите на ПСЖ
Париз, 19 март 2021 (МИА) - Париз Сен Жермен - серија фудбалски, ракометни и кошаркарски клубови за коишто играат врвни играчи како Нејмар и Килијан Мбапе, годинава повторно ќе се обедини со брендот „Џордан“ на „Најки“. Целта се новите „џорданки“ - „Air Jordan 7“. Специјалниот дизајн на патиките, изработен според моделот „Ер Џордан 1“, ќе има палета на боите од логото на парискиот фудбалски клуб. Во таа смисла, доминира белиот кожен дел, а од страната има проѕирна „мрежа“. Обувките ќе бидат украсени и со златни мотиви. Тегетот - препознатливата боја на ПСЖ - се наоѓа на делот околу зглобот, во внатрешноста на патиките и на ѓонот. А пак, црната боја е на дното, и над неа се исцртуваат планинските врвови во темносина и бела боја. Гласините говорат дека овие „џорданки“ ќе бидат пуштени на продажба на 22 мај и ќе чинат 225 долари. Но, „Најки“, официјално, сè уште не го потврдиле тоа.  си/

Остани поврзан