Конференција на Блумберг Адриа за потрошувачките трендови
- Конференција на Блумберг Адриа за потрошувачките трендови (Bloomberg Adria Consumer Trends) ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата ги обединува клучните играчи од македонскиот сектор за малопродажба, банкарство, телекомуникации и е-трговија, со силен фокус на малопродажниот аспект на бизнис-операциите.
Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Конференција на Блумберг Адриа за потрошувачките трендови (Bloomberg Adria Consumer Trends) ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата ги обединува клучните играчи од македонскиот сектор за малопродажба, банкарство, телекомуникации и е-трговија, со силен фокус на малопродажниот аспект на бизнис-операциите.
Според организаторот, настанот е замислен како динамична платформа за соработка и размена на знаење помеѓу малопродажбата, финансиските институции, телекомуникациските компании и експертите за дигитална трговија, користејќи ги најновите аналитики за потрошувачките трендови обезбедени од Bloomberg Adria, мултиплатформска мрежа за деловни вести во ЈИЕ.
-Конференцијата ќе опфати клучни прашања што се однесуваат на глобалните предизвици во потрошувачката и стратегии за одржливост, како и на изборите и влијанието на дигиталната трансформација. Ќе се анализираат трендовите во FMCG (брзо движење на потрошувачки добра) сегментот и начинот на кој се менува однесувањето на потрошувачите. Ќе се разгледаат и најновите иновации во испорака на производи и оптимизација на синџирот на снабдување, со посебен акцент на одржливоста на традиционалниот модел кој поддржуваше масовни брендови, и неговата релевантност во ерата на дигитализација, се наведува за конференцијата.
Дополнително, тема на дискутира ќе биде и тоа како компаниите можат да користат податоци за предвидување на пазарните потреби и приспособување на понудата, како социјалните медиуми и дигиталните платформи влијаат на културата на потрошувачите, откривањето производи и лојалноста кон брендови.
Ќе се истражат новите можности кои произлегуваат од интеграцијата на финтек во малопродажниот сектор, како и важноста на персонализацијата на искуството на потрошувачите преку технологија и податоци. Банкарскиот сектор и неговата трансформација преку нови решенија за финансирање, како и улогата на телекомуникациските оператори во поттикнување на дигиталниот раст и мобилната трговија, исто така ќе бидат централни теми, стои во соопштението за конференцијата. вг/нд/
Фото: Принтскрин