• петок, 05 декември 2025

Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски

Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски

Скопје, 21 јули 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја.

Како што соопшти МНРиНТ двајцата министри ќе одржат тет-а-тет средба, билатерална средба меѓу двете делегации, по што ќе следи прес-конференција. нд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан