• сабота, 16 ноември 2024

Управните служби и денеска ќе издаваат готови лични документи на граѓаните

Управните служби и денеска ќе издаваат готови лични документи на граѓаните

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека денеска Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работат на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).

Во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан