• петок, 05 декември 2025

УКИМ ќе му додели звање почесен професор на Питер Марк од Рурскиот универзитет во Германија

УКИМ ќе му додели звање почесен професор на Питер Марк од Рурскиот универзитет во Германија

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на 76-годишнината од основањето и патрониот празник, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одликува проф. д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија, со звање почесен професор (Professor Honoris Causa).

УКИМ соопшти дека признанието е во знак на неговите исклучителни научни и академски достигнувања, како и за долгогодишната поддршка и соработка во областа на инженерството и технологијата.

Наградата на проф. д-р Питер Марк ќе му ја додели ректорката на Скопскиот универзитет, проф. д-р Биљана Ангелова.

УКИМ наведува дека звањето Professor Honoris Causa „претставува израз на длабока почит и благодарност, но и потврда на вредностите кои УКИМ ги негува: квалитет, интегритет, посветеност и академска соработка без граници“.

-Професор Марк е истакнат научник во областа на градежните конструкции, бетонските конструкции и современи градежни материјали. Со децении наназад, тој е еден од водечките имиња во европскиот и светскиот инженерски академски простор, автор на бројни публикации, носител на значајни истражувачки проекти и ментор на генерации инженери и докторанди кои и денес го следат неговиот пример и професионална посветеност, соопшти  УКИМ. хс/бак/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан