Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на Машинскиот факултет во Скопје, ќе оствари средба со група од 60-тина студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм, кои се во студиска посета на Македонија.
Скопје, 3 јуни 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на Машинскиот факултет во Скопје, ќе оствари средба со група од 60-тина студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм, кои се во студиска посета на Македонија.
- Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг е водечка германска институција за дуално образование која има мрежа од 9 кампуси со над 35 илјади студенти. Кампусот во Манхајм е втор по големина со 6000 студенти на над 45 студиски програми и 2000 компании партнери во образовниот процес. Универзитетот е основан во 1974 година, соопштија од МОН. цр/нд
Фото: МИА архива