Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка
- По средбата, како што најавува владината прес-служба, следува потпишување договор за соработка, по што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска банка Де Грот.
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во Владата.
По средбата, како што најавува владината прес-служба, следува потпишување договор за соработка, по што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе одржи заедничка прес-конференција со потпретседателот на Европската инвестициска банка Де Грот. мч/бк/
фото: МИА