• петок, 05 декември 2025

Слушачка промоција на албумот ЈОРУКЛУК на Елена Христова

Слушачка промоција на албумот ЈОРУКЛУК на Елена Христова

Скопје, 1 јули 2025 (МИА) - Слушачка промоција на албумот ЈОРУКЛУК на Елена Баклава (Елена Христова) ќе се одржи вечер во Скопје во Бифе Тафталиџе со почеток во 20:30 часот на која ќе бидат презентирани и ЦД и винил изданието.

На настанот премиерно ќе биде пуштен и видео запис за песната која го отвора албумот.

-Елена Христова која е позната како фронтмен на групата Баклава, го промовира својот прв комплетно авторски албум наречен Јоруклук. Тој е инспириран од нејзините долгогодишни антрополошки истражувања на Јуруците од Македонија. На промоцијата, Елена за првпат ќе ја раскаже приказната за неговото создавање, најавуваат организаторите. вг/са/

Фото: Елена Христова

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан