Семинар на CreArt за значењето на креативните индустрии
- Во ЈУ Детски културен центар - Карпош во Скопје денеска почнува локалниот семинар CreArt – Значењето на креативните индустрии, кој, како што велат организаторите, опфаќа панел-дискусии за значењето на креативните индустрии кои се клучен сегмент во современото општество.
Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) - Во ЈУ Детски културен центар - Карпош во Скопје денеска почнува локалниот семинар CreArt – Значењето на креативните индустрии, кој, како што велат организаторите, опфаќа панел-дискусии за значењето на креативните индустрии кои се клучен сегмент во современото општество.
-Во дискусијата се очекува и вклучување на учесниците за тоа какво е влијанието на креативните индустрии врз пазарот на трудот, предизвиците со кои се соочуваат претприемачите во креативниот сектор, потенцијалот за развој преку соработка со јавни институции и локални заедници, како и ставање на фокус на иднината на креативните индустрии, преку призмата на дигитализацијата, младинската енергија и новите медиуми, најавува директорката на Центарот, Билјана Лалчевска Серафимовска.
Модератор на настанот е м-р Бојана Јанева - кустос. На семинарот ќе дискутираат повеќе панелисти на тема „Креативните индустрии – економски и општествен двигател“, како и на темата „Иднината на креативните индустрии – млади, технологија и иновации“. сст/са/
Фото Илустрација