Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
- Во Собранието ќе заседава Комисијата за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица во прво читање.
Скопје, 2 септември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица во прво читање.
Како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна, со овој Предлог на Закон се менува називот на Министерството за труд и социјална политика во Министерство за социјална политика, демографија и млади и на министерот за труд и социјална политика во министер за социјална политика, демографија и млади, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
-Се врши усогласување во делот на данок на личен доход со одредбите од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22). Се овозможува користење на новиот назив на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Во овој Предлог на Закон вградена е одредба со која се врши усогласување со Одлуката за прогласување, меѓу другите, на Амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/19), се вели во образложението за Предлог на законот за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица.фф/са/
Фото: МИА Архива