• понеделник, 23 декември 2024

Седми Светиклиментов научен собир „Мисија и секуларизам“

Седми Светиклиментов научен собир  „Мисија и секуларизам“

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Седмиот Светиклиментов научен собир на тема „Мисија и секуларизам“ ќе се одржи денеска во свечената сала на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Собир е годишна конференција на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, која за програмска цел го има вмрежувањето на теологијата со другите науки кои се изучуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и на другите македонски универзитети и научни установи. 

-Седмиот Светиклиментов научен собир на тема „Мисија и секуларизам“ предлага две заемно конвергентни тематски насоки, при што првата ќе се сосредоточи врз темата за мисијата на Црквата во овој свет и век (saeculum), додека втората ќе се позанимава со односот на световното кон црковната стварност во историјата. Ваквиот пристап има потенцијал да отвори мноштво перспективи кон предложената проблематика, да го охрабри дијалогот меѓу нив како и да ги испита можностите за нивна синтеза, информираат од Богословскиот факултет.

Оттаму посочуваат дека темата на Собирот ги одразува и двата јубилеја што се одбележуваат годинава - 1160 години од Моравската мисија на македонските и сесловенски просветители, светите браќата Кирил и Методиј и 80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија. дма/бак/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан