Свечено затворање на 48. Денови на македонската музика
- Со концерт на Филхармонија и доделување на наградите на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) вечер ќе бидат затворени 48. Денови на македонска музика.
Скопје, 16 октомври 2025 (МИА) - Со концерт на Филхармонија и доделување на наградите на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) вечер ќе бидат затворени 48. Денови на македонска музика.
Концертот е посветен на 100 години од раѓањето на композиторите Кирил Македонски и Властимир Николовски. Диригент е Борјан Цавен, а како солист ќе настапи Мила Јаневска, сопран. бак/ац/
Фото: СОКОМ