• петок, 05 декември 2025

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на одржувањето на свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник проф. д-р Ненад Танески.

На настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од воено  - дипломатскиот кор како и роднини и пријатели питомците, студентите и слушателите. фф/вг/

Фото: МИА Архива

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан